Македонија

До среда сончево, од четврток заладување

До среда сончево, од четврток заладување

Времето утре во Македонија ќе биде сончево и потопло со мала до умерена локална облачност и со слаб ветер од променлив правец. Сончево ќе биде до среда, а од четврток не очекува заладување.

Во текот на утрепниот ден температурата ќе се движи од 14 до 22 степени.

Во Скопје ќе биде сончево со мала до умерена локална облачност. Температурата ќе достигне до 19 степени.

До среда под влијание на потопла воздушна маса дневните температури ќе бележат благ пораст, а условите за појава на утринска магла ќе бидат мали. Веќе од четврток ќе потпаднеме под северно воздушно струење кое ќе предизвика постепено опаѓање на дневните температури.