До вторник стабилно и потопло, од среда дожд

Во наредните три дена ќе преовладува стабилно, суво и потопло време со постепен пораст на температурата на воздухот, најавуваат од УХМР.

До вторник стабилно и потопло, од среда дожд
До вторник стабилно и потопло, од среда дожд

Во среда, под влијание на циклонска активност, се очекува облачно време со повремени врнежи од дожд и со умерен југоисточен ветер.

Денес сончево со температура од 4 до 14 степени

Инаку, денес времето во Македонија ќе биде сончево со мала до умерена локална облачност и со слаб до умерен југоисточен ветер. Температурата ќе се движи од четири до 14 степени.

Во Скопје ќе биде сончево со мала до умерена локална облачност и со слаб до умерен југоисточен ветер.

Температурата ќе достигне до десет степени.