Доаѓа крајот на најгледаната цртана серија – Симпсонови

Култната серија “Симпсонови” полека ја добива својата завршница, но изостана среќниот крај.

После повеќе од 25 години заеднички живот, омилените родители Марџ и Хомер Симпсон ќе се разведат, открива извршниот продуцент на “Симпсонови”, Ал Џин.

Почетокот на 27-та сезона од серијата ја најави токму Џин во весникот Entertaiment weekly.

Simpsonovi1

Откако е утврдено дека Хомер пати од нарколепсија (пореметување на спиењето), која е причина за криза во бракот, омилениот јунак продолжува понатаму со животот и се заљубува во својата фармацевтка, чиј глас го позајмува Лина Данам.

Инаку, весникот Entertaiment weekly пренесува дека во текот на финалната сезона, Барт Симпсон ќе биде убиен, додека агенцијата AFP потсетува дека неговото погубување ќе се случи во епизодата за време на Денот на вештерките.

Simpsonovi2

Дали Хомеровата нова љубов ќе потрае или ќе се помират со Марџ, дали можеби Барт сепак ќе преживее и останатите нејаснотии околу најгледаната серија “Симпсонови”, ќе дознаеме во новата и последна сезона која стартува на 27-ми септември.