Доаѓа нов снежен бран

На планините во западните делови ќе има врнежи од снег и снежната покривката ќе се зголеми, локално за над 20 сантиметри.

На пониските места врнежите ќе бидат од дожд и снег, но со послаб интензитет. Ќе дува повремено засилен ветер од јужен правец.  Максималната температура во земјава ќе достигне од 4 до 10 Целзијусови степени.

Во скопското подрачје времето ќе биде претежно облачно со умерен југоисточен ветер и со услови за слабо проврнување на дожд.

Ќе дува умерен југоисточен ветер. Температурата ќе достигне до 7 Целзијусови степени.