Добил милионска отштета откако бил отпуштен поради брадата

Педесет и шестгодишниот Али Абубакер од Тунис, кој живее во САД доби отштета од 1,2 милиони долари откако е утврдено дека добил отказ затоа што е муслиман со долга брада, а неговиот работодавач го потсетувало на „терорист“.

Правната битка на Абубакер траела шест години против округот Ваштенау во американската држава Мичиген.

Абубакер, роден во Тунис работел како возач на автобус, на одржување техника за греење и разладување и на други работни места. Овој дипломиран инженер совесно работел за што бил и неколкупати наградуван.

Новиот управник кој дошол во 2008 година му дал отказ по неколку дискриминирачки пораки по што тој не можел да аплицира за друго работно место. Во меѓувреме останал без семејството и станал бездомник.

 

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.