Добитниците на социјални станови задоволни: Тој што не бил под кирија незнае како е!

Добитниците на социјални станови задоволни од државната поддршка: Тој што не бил кирија незнае како е!
Добитниците на социјални станови задоволни од државната поддршка: Тој што не бил кирија незнае како е!

Тој што не одел под кирија незнае како е. Сега конечно решивме едно тешко прашање и имаме сопствен дом, коментираат добитниците на социјални станови, од проектот за изградба на станови за лица во социјален ризик.

Тие се согласни во тоа дека станува збор за проект кој е од големо значење за многу семејства во државата.

Тој што нема одено под кирија не знае како е. Вака сепак еден ден се надеваме дека ќе биде наше, конечно наше. Од еден стан на друг, од еден стан на друг, вака конечно ќе си биде наше, свое да речам. За оваа работа најмногу сум благодарен на Владата, предводена од премиерот Никола Груевски. Конкуриравме како сите, па ете имавме среќа и добивме. Многу сум благодарен, бидејќи решивме едно тешко прашање, вели Тони Чалдаров од Битола.

Реализацијата на проектот за социјални станови, за овие семејства значи решавање на основното прашање за секоја фамилија за сопствен дом и создавање на услови за полесно семејно живеење, а како што велат и самите транспарентната постапка за распределба на овие станови е доказ дека овој проект е насочен кон оние на кои и најмногу им е потребна поддршка.

Лимонка Николова од Штип вели дека социјален случај од пред многу години и самохрана мајка на две деца.

Седум години имам живеено под кирија со двете деца и сама сум се грижела за нив, а сега е многу подобро кога имаш покрив на глава, за разлика од кога сум била под кирија. Пред се се наоѓаме во населба каде што има се, се е близу, има и деца и маркети и школи. Полесно е, многу многу полесно. Иако сум самохрана мајка и социјален случај се трудам да не ми заостануваат сметките и се да е како што треба, вели Николова.

Николова: Седум години имам живеено под кирија со двете деца и сама сум се грижела за нив, а сега е многу подобро кога имаш покрив на глава.
Николова: Седум години имам живеено под кирија со двете деца и сама сум се грижела за нив, а сега е многу подобро кога имаш покрив на глава.

Изградбата на социјални станови продолжува

Досега, за младите брачни парови, за семејствата со ниски примања и корисници на социјална помош, за самохраните родители и другите социјални категории на граѓани, Владата изгради социјални станови во Скопје, Кичево, Македонска Каменица, Охрид, Кочани, Кавадарци, Крива Паланка, Штип, Битола, Берово, Ресен и Демир Хисар, а градбата на овие станови согласно предвидената динамика продолжува и во наредниот период.

Како што најави премиерот Груевски на пуштање во употреба на зградата со социјални станови во Демир Хисар, во фаза на градба се две згради во Прилеп и Македонски Брод, а наскоро ќе отпочнат со изградба уште два објекти во општините Кочани и Гостивар.

Досега во рамки на овој проект 559 семејства веќе се вселени во своите нови домови, а во следниот период ќе се распределуваат и новоизградените 43 социјални станови во општините Ресен и Демир Хисар, што ќе значат решавање на еден сериозен проблем за 43 семејства во социјален ризик од овие две општини.