Магазин

Добиваат по 2.500 евра бидејќи се предебели за да работат

Добиваат по 2.500 евра бидејќи се предебели за да работат

Парот кој заедно тежи околу 340 килограми месечно добива 2000 фунти, односно 2500 евра, социјална помош бидејќи се „предебели за да работат“, а неодамна се венчале. За свадбата платиле 3000 фунти, со парите од данок.

Стивен Бир и Мишел Комб се од Плимут, Велика Британија, каде 60% од возрасната популација е предебела.

Бир веќе бил во брак пет пати и тежи 195 килограми, а не работел веќе пет години. Два пати дневно му доаѓала негователка да го бања и облече. Неговата партнерка никогаш не работела во животот и тврди дека со нејзините 145 килограми е предебела за да најде работа.

Парот е сниман и за една серија на популарниот Канал 5, наречена “Benefits: Too Fat To Work”, во која главните актери се луѓето кои тврдат дека дебелината ги спречува да работат. Тие двајца спаѓаат меѓу дури 12.000 луѓе кои во Велика Британија добиваат надокнада наречена Disability Living Allowance (џепарлак за живот со инвалидитет) бидејќи имаат метаболички синдром, што е медицински поим за комбинација на дебелина, дијабетис и висок крвен притисок. Бројката од оние кои ја бараат таа надокнада во изминатите пет години двојно се зголемила.

Сепак, и покрај тоа што тврдат дека не можат да најдат работа бидејќи потенцијалните работодавачи имаат предрасуди кон дебелите луѓе, Бир и неговата сопруга на промотивната снимка ја планираат свадбата и плаќаат со парите добиени од споменатиот џепарлак.

Бир вели дека посакува работа (идеална би била седење во киоск или работа како Дедо Мраз во продавница), но неговата дебелина е проблем кој го кочи во тоа, поради веќе споментатите предрасуди на работодавачите. Некогаш имал своја компанија за чистење, но се пропаднало кога во 2008-та година имал мозочен удар. Тогаш имал 170 килограми.

не може самостојно да стои ниту неколку минути, а неговата негователка, даночните обврзници ги чини околу 10.000 евра годишно