„Добра ноќ“: Ова се последните зборови пред да исчезне малезискиот авион

Малезиските власти објавиле транскрипт од разговорот кој се водел меѓу контролната кула и пилотите на авионот Боинг 777, по кој што се’ уште се трага.

Според овие транскрипти, последно што си ги размениле пилотот и контролната кула биле зборовите „добра ноќ“.

Транскриптите почнуваат уште на пистата, каде што пилотот на контролната кула и’ посакува добро утро и бара одобрение да полета на 6 илјади стапки (околу две илјади метри), на кодот 2106 (кој што се користи при летање за да се избегнат судири) до Пекинг.

Кулата дала дозвола авионот да лета под кодот 2106 со полетување на висина од две илјади метри.

Летот МХ 370 се заблагодари.

Потоа продолжува разговорот кој се’ уште се води на земјата во Куала Лумпур. МХ 370 бара да полета, а кулата го одобрува тоа и кажува која писта да ја користи и како да дојде до нејзе.

При разменување на стандардните пораки за рутата на која што ќе лета авионот дојде до пречки и во еден момент МХ 370 м рекол на контролорите „повторете, не слушаме“. Сепак, пречките биле на страна на контролната кула, а не на МХ 370.

Во 12,40 часот контролната кула дала дозвола за полетување и му посакале добра ноќ на малезискиот авион.

Малезискиот авион на тоа одговори: „Благодарам, пријатно“.

Во 12,42 часот авионот полетал.

Тогаш стапил во контакт и со радарот во Куала Лумпур. Со нив исто така размениле податоци за висината, кодовите и информациите за самиот лет.

Тогаш си ги размениле и последните две реченици:

01,19 АТС Малезијан 370, контакт Хо Ши Мин, 120 децимали, добра ноќ.

01,19 МАС 370 добра ноќ, Малезија 370 (ова се последните зборови за авионот).

Премиерот на Малезија издал соопштение по повод овие транскрипти.