Македонија

Добрата бизнис клима и растот на економијата се привлечни за индиските инвеститори

Добрата бизнис клима и растот на економијата се привлечни за индиските инвеститори

Премиерот на Република Македонија, Никола Груевски, истакна дека добрата бизнис клима во напата земја,како и растот на економијата, се привлечни за индиските инвеститори.

-Мојот фокус е економијата. А многу од нивните луѓе не споредуваа во однос на посветеноста на Владата кон развојот на економијата. Индија е во сериозен раст и е економија која се отвора кон светот. Има комплетно нова политика. Привлекување компании и помагање за отворање нови проиводства. Влада која е фокусирана комплетно на економијата. Очекуваат раст од 6 проценти и очекуваат и наредната година растот да биде уште поголем, истакна премиерот во своето вчерашно гостување во емисијата на Јанко „Јади бурек“.

Како што истакна тој, компаниите од Индија покажале интерес за инвестирање во Република Македонија, додавајќи дека се одржани бројни средби со компании кои истакнале дека за нив е особено важно тоа што во земјава има добра бизнис клима, раст на економијата и образована компетитивна сила.

– Има компании кои може да произведуваат само во Индија, но има и компании кои поради разни работи не можат да произведат во Индија и им е потребна друга локација. Ние ги таргетираме таквите компании, потенцираше премиерот.

Премиерот заклучи дека неколку компании покажале интерес за влез во Македонија и истакна дека Владата ќе продолжи да таргетира компании кои планираат да излезат надвор од Индија.