Добрата страна на глумењето оргазам

Не е некаква новост дека девојките понекогаш глумат оргазам, но се покажа дека то може да има и добра страна.

Додека некои девојки со гласни воздишки и со речиси блажен израз на лицето го доживуваат оргазмот, други тие врисоци и изрази ќе ги одглумат. Ако во некој момент сфатиш дека твојата девојка глуми, потруди се да не се нервираш премногу поради тоа бидејќи научниците тврдат дека фолирањето оргазам всушност може да допринесе за уживање во текот на сексуалниот однос.

Имено, се покажало дека жените понекогаш го глумат оргазмот за да ја зголемат својата сексуална желба, а не затоа што сакаат сексот едноставно да заврши. Логично, многу мажи сега ќе помислат: „Што има тука добро, веројатно не сум и’ доволно привлечен, кога нема сексуална желба?“.

Момци, сепак не се нервирајте! Причините зошто во тој момент не и’ е до секс се бројни – од тоа дека само не е расположена, преку тоа дека, да речеме, ја боли глава, до тоа дека имала стресен ден. Поради тоа, воопшто не значи дека вие нешто не прави како што треба.

Добро, за жал, понекогаш и тоа е причината.

Говорејќи за причините зошто жените глумат оргазам, научниците сметаат дека постојат неколку причини. Некогаш е тоа бидејќи не сакаат да ги повредат партнерите и неговите чувства, а понекогаш за да избегнат страв и несигурност, односно, за да избегнат негативните емоции да си асоцираат на секс.

Ако веќе сте помислиле: „Каква негативна енергија, тоа може секому да му се случи“, во право сте, но секако не е баш ни искуство кое сакате доживотно да го паметите.

Освен тоа, фолирањето оргазам може да има и добра страна – девојките некогаш на тој начин се обидуваат да ја зголемат својата сексуална желба. Онаа не баш толку добра страна на глумењето оргазам е едноставно „да се заврши работата“.

„Глумењето оргазам често нема никаква врска со сексуалното искуство на партнерот. Тоа би требало да се гледа само како уште еден ’алат“ со чија помош жените се обидуваат да го подобрат својот сексуален живот“, вели авторот на истражувањето Ерин Купер.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.