недела, 25 јуни 2017  |  Вести денес: 30

Добри и лоши страни на сексот во вода

Сексот во вода има и добри и лоши страни посебно за жените, бидејќи можe да и наштети на вагината.

seksvovoda-2q9sc6llxt47yn2mh3i800-650x300

Поврзани вести

Секој си има своја визија за совршен секс во вода и истиот може да биде вистинска авантура посебно на отворено. Сепак, сексот во вода има и добри и лоши страни посебно за жените, бидејќи можe да и наштети на вагината.

Останете подмачкани

Водата може да ја испере вагината што може да предизвика дополнителни проблеми, посебно кај жените. Без доволно лубрикација сексот може да биде непријатен, па дури и болен.Затоа не е лошо да си помогнете со вештачки лубрикант на база на силикони бидејќи е водоотпорен.

Орален секс наместо пенетрација

Хлорот во базенот може да предизвика различни инфекции и оштетување на кожата при пенетрација. Затоа, можеби  е подобро да ја избегнете класичната пенетрација, па препуштетe се на уживањето при орален секс.

Под туш

Туширањето не би требало да ви го испере вашиот природен лубрикант. Доколку практикувате сигурен секс користејќи кондом, може да пукне бидеjќи во допир со водата ја губи еластичноста. А може и да се лизне, кога не треба.

Солено море

Морската вода при пенетрација може да предизвика печење, што е непријатно. Затоа на море најдобро е да имате секс на копно.

 

Најчитани вести