Зошто е добро да пиете сок од портокал

Сокот од портокал е богат со витамин Ц кој помага во зајакнувањето на имунитетот.

Луѓето кои имаат проблеми со високиот крвен притисок би требало редовно да го пијат овој напиток бидејќи помага во негово снижување.

Една од важните состојки кои портокалот ги има во себе е хесперидин. Истражувањата покажаа дека позитивно влијае на кардиоваскуларниот систем и го намалува нивото на холетеролот во крвта.

Високото ниво на витамин Ц кој се наоѓа во портокалот делува како антиоксидант. Така да, со редовно пиење на свеж сок од портокал ќе ја спречите појавата на разни болести, меѓу кои и ракот на дојка и простата.

Портокалот има и антивоспалителни својтва кои помагаат во ублажување на болките, ако имате проблем со артритис, вкочанетост и зглобови.

Научниците тврдат дека антиоксидансите од портокалот помагаат во губењето на килограмите. Една чаша дневно позитивно ќе влијае на вашиот метаболизам и го поттикнува губитокот на масти.

Сокот од портокал се препорачува и за бремени жени. Ова овошје е извор на фолна киселина која на мозокот му овозможува правилен развој. Фолната киселина има важна улога во репродукција на новите ќелии, па со самото тоа го забрзува и процесот на лекување на разни болести.