Добротворен базар по повод Меѓународниот ден за заштита на правата на детето

„Добредојде“ Macedonia Welcome Centre (DMWC) и оваа година по петти пат ќе се вклучи во одбележување 1-ви јуни, Меѓународниот ден за заштита на правата на детето.

Како и претходните три години DMWC, заедно со амбасадите во Македонија,  бизнис заедницата, невладиниот сектор, меѓународните училишта, деца и лица со посебни потреби, ќе го oрганизира DMWC Добротворниот меѓународен базар.

Почесен претседател на Базарот 2015 е Ернесто Массимо Беллелли, Амбасадор на Република Италија во Република Македонија, а главен покровител е град Скопје.

Собраните средства од Базарот ќе бидат наменети за Републичкиот центар за поддршка на лица со интелектуална попреченост „Порака“, поточно за реновирање на дневниот центар во Капиштец.

Главниот настан, самиот Добротворен базар ќе се случи на 6ти јуни, сабота,во  ГТЦ  (приземје) Скопје со почеток во 11:00 часот .

Одлука за прогласување на 1-ви јуни за посебен ден на децата е донесена од страна на УНИЦЕФ во 1925 година на Светската конференција за благосостојба на децата одржана во Женева, Швајцарија и претставува нов почеток во подобрување на можностите за најмладите.