Доцнење на летовите на париските аеродроми поради штрајк

Штрајкот на вработените на авиокомпанијата Ер Франс предизвика доцнење на париските аеродроми Шарл де Гол и Орли, но нема најава за откажување на летовите, јавуваат денеска француските медиуми.

На аеродромот Шарл де Гол, утринава доцнеа околу 15 летови, додека на Орли имало повеќе доцнења.

Но ниту еден лет не е откажан, велат извори од аеродромите. Три синдикати ги повикаа вработените да штрајкуваат поради влошување на условите за работа.

Ер Франс пак поради најавениот штарјк откажа повеќе од 15 отсто од летовите.

Штрајкот е организиран во екот на сезоната, кога најголем број од Французите заминуваат на одмор во август.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.