Додека Грција е во криза нема решение за името

Додека Грција е во финансиска криза и Европската Унија е сконцентирана околу судбината на еврото нема да има решение за спорот за името, а со тоа и влез на Македонија во Европската Унија.

Премиерот Никола Груевски вели дека поради кризата Грција е ослободена од притисокот околу решавање на спорот за името што е неопходно за напредување на Македонија кон членство во ЕУ.

„Неодамна се сретна со висок функционер во ЕУ нема да го именува намерно бидејќи немам согласно од него да го цитирам, тој вели вака: Нас ние е јасно дека вие генерално сте во право, дека сте жртва, но овде правилата се тие, законите се тие, треба консензус. Тој консензус го немаме поради една земја членка… ЕУ во моментов најмногу е заинтресирана за еврото дали ќе опстане, како ќе се справи со кризата, и во тој однос Грција е еден од главните генератори и нашите сили, напори се насочени во тој провац да се притисне да ги направи потребните реформи, да стане стабилна, да не го потресува еврот и тоа го правиме дозирано… Тие вршат притисок со 60 отсто капацитет.. Ние немаме простор за поголем простор за ова за нас важно прашње, а камо ли за вашето… во една таква ситуаицја вие има опција или да ги прифатите условите или да чекате… да чекате подобро време“, рече премиерот Груевски одговарајќи на прашање од професорот Ивица Јосифовиќ дали има излезе од статус кво ситуацијата во однос на европските интеграции.

Груевски вели дека властите во Грција го знаат ова и поради тоа не чувствуваат притисок за сериозно да пристапат кон изнаоѓање на решение за спорот.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.