Додека коалицијата на СДСМ се распаѓа, ВМРО ДПМНЕ ја оформи најголемата коалиција досега

Претседатели и претставници на партии од Коалицијата „За подобра Македонија“ предводена од ВМРО ДПМНЕ денеска ја потпишаа „Декларацијата 2020“. Оваа  е најголемата предизборна коалиција досега оформена во земјава и во неа се вклучени партии кои што ги застапуваат интересите на речиси сите етнички заедници во Македонија.

Претседателот на ВМРО ДПМНЕ, Никола Груевски истакна дека оваа коалиција се обврзува да ги штити интересите на  Република Македонија и македонскиот народ, како и интересите на сите други етнички заедници.

15032665_10154656295707716_7961667349045800859_n

„Заеднички ќе се залагаме за унапредување на стандардите на сите полиња и обезбедување просперитетна иднина на сите граѓани. Наш стратешки приоритет останува зголемување на економскиот раст и на вработеноста, пораст на животниот стандард на граѓаните и подобар и поквалитетен живот. Нема да отстапиме од стратешката определба за интеграција на Република Македонија во ЕУ и НАТО. Ќе вложиме максимални напори за борба против организираниот криминал и корупцијата и ефикасно спроведување на правото. Ќе ги унапредуваме меѓуетничките односи врз принципите на меѓусебна толеранција и почитување и подеднаков третман на сите пред законот. Ќе инвестираме во образованието, иновациите и информатичката технологија како клучни елементи за креирање на општество базирано на знаење“, истакна Груевски по потпишувањето на Декларацијата во Музејот на македонската борба за државност и самостојност.

Лидерот на ВМРО ДПМНЕ во пресрет на стартот на предизборната кампања потенцираше дека коалицијата „За подобра Македонија“ се обврзува на фер и демократска кампања, а дециден е дека потоа ќе се почитува волјата на граѓаните и ќе се промовира позитивен и конструктивен пристап во политиката.

„Свесни дека граѓаните сакаат крај на кризата во која бевме втурнати како држава, криза која донесе поделби, конфликтност и деструкција, ќе работиме неуморно на нејзино надминување и во најдобар интерес на граѓаните. Граѓаните сакаат, очекуваат и заслужуваат сите овие пречки и блокади кои СДСМ ги поставуваше изминативе две години да завршат и да бидат надминати. Граѓаните сакаат напредок и просперитет. Граѓаните знаат кој има капацитет да го стори тоа и кому да му веруваат. Затоа е тука Коалицијата „За Подобра Македонија“. Нашите ветувања тежат, а нашите зборови вредат. Сите заедно, можеме да помогнеме за подобра иднина на Република Македонија“, рече Груевски во говорот.

Оцртувајќи го рамките на програмата на коалицијата, Груевски рече, дека во следните четирите години по добивањето на довербата од граѓаните на изборите на 11-ти декември акцентот ќе биде ставен на проекти за подобрување на животниот стандард пред се’ на младите. Најави високи субвенции за земјоделците, повисоки пензии и социјална помош/

Инаку, во текот на изминатите неколку дена ВМРО ДПМНЕ потпиша меморандуми за соработка со девет невладини организации, здруженија на граѓани и четирите најголеми синдикални организации во земјава – Сојузот на синдикати на Македонија, Конфедерацијата на слободни синдикати и Синдикатот на  вработените во образование, наука и култура (СОНК).

14963302_10154653144157716_5445155481881307169_n

 

Овие меморандуми, како што беше истакнато од Груевски и претставниците, се резултат на досегашната плодна соработка чијшто исход се голем број придобивки за пензионерите, ранливите категории, работниците и работничките права.

Од друга страна јавноста е сведок на сериозни предизвици со кои се соочува опозицската коалиција предводена од Социјалдемократскиот сојуз на Македонија. Одлуките на лидерот Зоран Заев и раководството за тоа кој да се најде на кандидатските листи за пратеници предизвикаа голем револт помеѓу членството, а особено меѓу истакнати опозиционери, поранешни пратеници и функционери на СДСМ.