„Додека не ослободите место за бремената жена не продолжувам со возење“

Возачот на градски автобус во Белград, Драган Жулевиќ го воодушеви Балканот со својата постапка. Во автобусот се качила бремена жена, но никој од патниците не и отстапил место за седење. По ова возачот се завртел кон патниците и им рекол дека додека не се ослободи место за седење за бремената жена не тргнува.

Со овој гест возачот ги воодушевил патниците, а Жулевиќ, кој е татко на три деца, за срспки Курир вели дека секогаш има разбирање за пензионери и бремени жени.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.