9.8 C
Skopje
вторник, март 19, 2024

Додека полицијата тепаше, Заев со порака: Гордо тргнуваме напред!

Додека синоќа траеја протестите пред Собранието на РМ, при што полицијата со солзавец и шок бомби ги растеруваше демонстрантите, а беа повредени над 15 лица,  премиерот Зоран Заев се огласи на Фејсбук.

Гордо и решително, тргнуваме напред, кон заедничката македонска и европска иднина. Приклучете се, учествувајте, ова е време за граѓанска одважност!, напиша тој.

 

Во вечерaшните протести пред Собранието повредени се и шест универзитетски професори.  Слободанка Алексовска од Природно математичкиот факултет, Билјана Ванковска од филозофскиот факултет, Слободан Пренџов од техноолошкиот факултет, Богдан Богданов од ПМФ. Во оваа група била и професорката Солза Грчева лидер на партијата Глас за Македонија.

Според неофицијали информации, неколку цивили се погодени од гумени куршуми.

При полициската интервенција синоќа на протестот е уапсен и новинар на Инфомакс.мк, Борислав Стоилковиќ, бидејќи одбил да ја предаде камерата со која го снимал настанот. Нешто по полноќ, Стоилковиќ е пуштен од полициската станца во Автокоманда.

При апсењето, новинарот бил удиран од полициски службеници, при што се здобил со повреди на нозете.

Во синоќешниот протест во кој полицијата употреби прекумерна сила,  повредна е и актерката Арна Шијак.

МВР информираше дека се повредени седум полициски службеници, а приведени 25 лица.

 

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.