Додека САД се заковани во мраз, во Шведска цветаат цреши

Новата година започна невообичаено бидејќи скандинавските градови и понатаму не се прекриени со мраз или снег.

Во декември минатата година беше еден од најблагите месеци во последните 100 години во нордиските земји, со температура повисока за четири до пет степени од вообичаените за овој период од годината во Норвешка и Финска.

Осло го забележа најтоплиот Божик од првото мерење на температурите во 1937 година, додека во Хелсинки и во јужната половина на Финска, другиот дел од декември бил најумерен во последните 30 години. Во Данска на 24-ти декември се забележани 11,6 степени.

Шведскиот дневен весник „Даген Нухетхер“ објавил фотографии од цреши во седиштето на Стокхолм, каде што се’ уште се задржале птиците преселници кои во овој период од годината заминуваат во јужните краишта.

Од друга страна, Соединетите Американски Држави се соочуваат со големи студови, ниски температури и мразови, кои што го отежнуваат секојдневниот живот.