вторник, 17 јануари 2017  |  Вести денес: 49

Додека се туширате го миете и лицето: Еве каква грешка правите

Температурата на водата е најважниот фактор за црвенилото на лицето, а во овој случај прилагодувањето е невозможно.

tushiranje

Поврзани вести

Температурата на водата е најважниот фактор за црвенилото на лицето, а во овој случај прилагодувањето е невозможно.

Многу луѓе додека се тушираат попатно го мијат и лицето, но експертите предупредуваат дека тоа не е толку добрa навика.

За почеток, тие сметаат дека е тешко да се контролира температурата на водата кога правите повеќе работи одеднаш, а температурата на водата е всушност најважниот фактор за миење на лицето.

Дерматологот д-р Танзи, им препорачува на своите пациенти да го мијат твоето лице само над мијалникот.

Температурата може да се регулира подобро, а деликатната кожа на лицето најдобро е да се мие со млака или студена вода, вели докторката.

Врелата вода со која што се туширате, всушност, и’ штети на кожата на лицето и ја дехидрира. Ако сте склони кон црвенило, топлата вода само ќе го влоши проблемот.

Исто така постои и проблемот со употребата на производи за туширање, чии остатоци остануваат на кожата на лицето по употребата. Шампонот или регенератор за коса што не се наменети за чистење на тој дел од телото, па затоа мијте го лицето над мијалникот, а телото на вообичаениот начин – во када или во туш кабина.

Најчитани вести