Додека спасувачите ги ваделе нивните тела заѕвонел мобилниот телефон…

Првите идентификувани жртви на трагедијата што се случи вчера во Џенова, кога дел од виадуктот „Моранди“ се распаднаа за време на силна бура, е тричленото семејство Робијано- Пичинино. Загинаа мајката, таткото и нивниот седумгодишен син.

Според извештаите во медиумите, Роберто Робијано, неговата сопруга Ерсила Пичинино и нивниот седумгодишен син Самуел, починале кога нивниот автомобил се урнал од висина од 45-метри.
Тричленото семејство живеело во Кампомороне, недалеку од Џенова. Според „Ла Стампа“, семејството одело на одмор во Сардинија, кога дел од мостот  се распаднал.

Нивниот автомобил подоцна беше пронајден во урнатините , а спасувачите најдоа чадори за сонце и ќебе за плажа, како и телефон кој стоел на таблата со инструменти. Во тој момент телефонот заѕвони, а на екранот  пишувало „Мама“. Ниту еден од спасувачите немал храброст да одговори на бабата која се јавила  да ги слушне најблиските надевајќи се дека тие  успеале да го преминат мостот пред да се урне.

Идентификувана жртва на трагедијата и е Андреа Черули, аматерски фудбалер и татко на малолетен син, кој, според извештаите на медиумите, починал додека одел на работа.

Бројот на загинати во уривањето на надвозникот во Џенова се искачи на 42, а потрагата по жртви сѐ уште трае, изјави денес главниот градски обвинител. Надвозникот се сруши во вторникот за време на невреме. Речиси 240 пожарникари цела ноќ со помош на кучиња трагачи пребарувале по урнатините за да пронајдат преживеани. Околу 30 до 35 автомобили и три камиони паднале од височина на 45 метри кога се нурнал дел од „Моранди“,

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.