Македонија

Доделени 40 решенија за легализација на дивоградбите во Ѓорче Петров

Доделени 40 решенија за легализација на дивоградбите во Ѓорче Петров

Министерот за транспорт и врски Миле Јанакиески денеска присуствуваше на свеченото доделување решенијата за легализација на бесправно изградените објекти во просториите на општина Горче Петров.

Министерот и градоначалникот на општина Ѓорче Петров, Сокол Митрески заедно им ги врачија документите за легализација на граѓаните.

Како што истакна министерот Јанакиески, до сега биле легализирани околу 100.000 објекти, откако во 2011 е започнат процесот за легализација.

-Денес во општината Ѓорче Петров заедно со градоначалникот Сокол Митрески доделивме околу 40 решанија за легализација кои пред се беа документи за легализација на индивидуални куќи. Сакам да истакнам дека општина Ѓорче Петров е една од општините каде што подобро се одвива процесот на легализација. Од информациите кои што ги добивме од општината има поднесено околу 11.000 барања за легализација односно 10.995 и до сега се легализирани 3. 220 предмети, подвлече министерот.

И двајцата испратија порака до граѓаните и компаниите да не се чека до последниот рок и што поскоро да ги достават потребните документи за да може да си го легализираат својот имот, со што ќе решат еден од најгорливите проблеми.

-Оваа прилика сакам да ја искористам за да апелирам до сите корисници на социјална парична помош, да поднесат барање до подрачните единици на Агенцијата за катастар на недвижности, бидејќи измените на Законот за катастар и легализација влегоа во сила пред една недела. Овие законски измени овозможуваат Агенцијата за катастрар на недвижности за овие лица кои се приматели на социјална помош бесплатно да ги изготви геодетските елаборати. Тоа е една помош за да им се овозможи на овие лица да ги легализираат своите куќи, прача Јанакиески.

За овие семејства, потести министетот не се плаќа ниту надомест за легализација и нивниот трошок е нула денари и потребо е само да поднесат барање до Агенцијата за катастар на недвижности.

Еден од најгоемите проблеми при процесот на легализација, подвлекоа и двајцата е тоа што граѓаните не поднесуваат геодетски елаборат.

До сега како што истакна градоначалникот 4,200 граѓани немаат донесено геодетски елаборати.

-Легализацијата е еден од приоритетните активности на општинската администрација во општина Ѓорче Петров и до сега на општо задоволство на граѓаните, на мое лично и на задоволство на Советот тој процес доста успешно тече. Успеавме да легализираме, со денешната бројка околу 3.300 нелегални објекти меѓутоа најголема кочница како што кажа и министерот се некомплетните документи кои не кочат да овој процес заврши до крајот на тековната година, изјави Митрески.

Градоначалникот подвлече дека министерството секогаш им излегувало во пресрет и со овој проект се става крај на нелегално изградените објекти, со што се решава еден многу значаен проблем на граѓаните.

Рокот за поднесување документи за легализација истекува на 31.12.2015 година.