Доделени 43 ваучери за еднократна парична помош за новороденчиња во Кисела Вода

Градоначалникот на општина Кисела Вода Билјана Беличанец – Алексиќ денеска додели 43 ваучери за еднократна парична помош за новороденчиња.

– Се надеваме дека со оваа скромна помош од 6.000 денари, која денеска ја доделуваме за 43-те новороденчиња, од кои 19 се машки, а 24 женски, ќе ви излеземе во пресрет за оние први потреби што доаѓаат заедно со новороденчето, рече Беличанец-Алексиќ.

Ги повика сите родители, кои ги исполнуваат критериумите да ја поднесат потребната документација за паричната помош до општинската администрација, посочувајќи дека проектот ќе се реализира се до истекот на нејзиниот мандат.

Во општина Кисела Вода заклучно со денеска доделени се 894 ваучери.