Доделени дипломите за завршениот веб-курс на учениците од социјално загрозени семејства

Во рамките на активностите за општествена одговорност на Универзитетот „Св. Апостол Павле“ се реализираше проектот наменет за лица од социјално загрозени семејства. Во рамките на овој проект, ученицитена возраст од 16 до 18 години од оваа социјално ранлива категорија имаа можност бесплатно да стекаат знаења и вештини за веб програмирање, како опција повеќе при нивното идно вработување.

Основната цел на курсотсо работен наслов „Learn the web“бешеоспособување на учениците самите да креираат едноставна веб – страна, како поттик при нивната определба за нивното идно образование и кариера или како потенцијален извор на приход во иднина.

Проектот се спроведе во соработка со Црвен Крст Охрид, чиј тим беше одговорен и за повикот и регрутацијата на учесниците на курсот.

Студентите на Универзитетот за информатички науки и технологии, во улога на предавачи на курсот, во текот на изминатите 5 месеци, несебично и на исклучително креативен начин го споделуваа своето теоретско и практично знаење, стекнато не само во текот на студиите туку и преку работа на практични веб проекти.

„Беше голема привилегија и уште поголемо искуство да се креиранаставната програма и насоки за овој курс. Програмата за курсот ги водеше учесниците низ основите потребни за дизајнирање и програмирање на модерни веб страни, како и за идентификување на побарувањата на потенцијалните клиенти. Сите студенти кои го посетуваа курсот беа успешни и резултатот беше создавање на целосно функционални веб страници од страна на секој учесник“ – вели Вилијам Асиама – предавач на курсот.

„Овој курс ги надмина сите наши очекувања. Изминатите неколку месеци беа одлично искуствоод кое стекнавме вештини и знаења кои би можеле да ги примениме во реални ситуации“– вели Елена Наумоска, учесник на курсот.
Учениците кои учествуваа на курсотги презентираа своите финалнипроектни задачи и добија дипломи од Универзитетот „Св. Апостол Павле“ за успешно завршениот курс.

.