Доделени годишните награди на ЗНМ

Фоторепортерот Ѓорѓи Личовски од порталот Сакам да кажам е добитник на годишната награда „Крсте Петков Мисирков“ за животно дело, што ја доделува Здружението на новинари во Македонија.

Наградата „Јашар Еребара“ за истражувачо новинарство, пак, на синоќешната свеченост во Клубот на новинари, му беше доделена на новинарот Владо Апостолов од БИРН.

Специјална награда од ЗНМ доби Мефаил Исмаили од ТВ Шења.