Доделени концесии за две мали хидроелектрани на Жеровница

Доделени концесии за две мали хидроелектрани на Жеровница

Министерот за животна средина и просторно планирање Нурхан Изаири и претставник на друштво ХИДРОГЕН ЕНЕРЏИ ГРУП ДОО Скопје, денеска, потпишаа Договор за концесија за користење на вода и изградба на две мали хидроелектрани на река Жеровница.

Како што информираат од МЖСПП, доделувањето на концесии за користење на вода за производство за електрична енергија на оваа локација е во рамките на шестиот тендер за малихидроелектрични централи.

– По завршувањето на евалуацијата и усвојување на Извештајот на Комисијата за спроведување на постапката за доделување на концесија, Владата на Република Македонија ја донесе Одлуката за избор на најповолна понуда и за доделување на концесија за користење на вода од река Жеровница, со изградба на две хидроелектрични централи во група. Согласно оваа одлука избраниот понудувач Конзорциумот составен од ФЕРОИНВЕСТ ДОО СКОПЈЕ и ХИДРОГЕН ГРУП СКОПЈЕ основаше друштво за посебна намена „ХИДРОГЕН ЕНЕРГЏИ ГРУП” ДОО Скопје со кој е склучен Договорот за концесија за користење на вода и изградба на малите хидроелектрани Жировничка 5 и 6 со вкупна инсталирана моќност од 1239 киловати, соопшти МЖСПП.

Вкупната инвестициска вредност на проектите чини околу 2,5 милиони евра.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.