Доделени наградите на 9. театарски фестивал „Лица без маски“ 2016

По изгледаните шест претстави жири комисијата во состав на режисерот Синиша Ефтимов и актерките Магдалена Ризова Черних и Ирена Илиевска, донесе одлука дека претставата „Ромео и Јулија“ понудила оригинален, инвентивен и алтернативен прочит на Шекспировото дело, кое во целост комуницира со гледачот и плени со одличната актерска игра и прецизната режија, се наведува во соопштението на ИТФ „Лица без маски“.

Наградата за најдобра режија е доделена на Софија Болоњини за истата претстава „Ромео и Јулио“, додека наградата за најдобро актерско остварување е доделено на Теодора Ристовски за улогата на „Актерката“ во претставата „Собуј ги чевлите“ во изведба на „Лудум, Лудум“ театарот од Белград, Србија.

ИТФ „Лица без маски“ во изминатите четири денови под мотото „Остани стабилен“ понуди шест претстави кои прикажаа нови театарски промислувања создадени од  независна продукција.