сабота, 25 март 2017  |  Вести денес: 24

Доделени наградите за „Најбезбедно и најчисто училиште“

Доделени наградите за „Најбезбедно и најчисто училиште“. Министерот за образование и наука Абдилаќим Адеми, присуствуваше на доделувањето на наградите на училиштата победници на Јавниот повик за избор на најбезбедни и најчисти училишта во учебната 2014/2015 година.

ademi-1

Последни вести

Доделени наградите за „Најбезбедно и најчисто училиште“.  Министерот за образование и наука Абдилаќим Адеми, присуствуваше на доделувањето на наградите на училиштата победници на Јавниот повик за избор на најбезбедни и најчисти училишта во учебната 2014/2015 година.

За „Најбезбедно и најчисто училиште“, годинава конкурираа 18 основни и 6 средни училишта.

Од основните, првото место му припадна на ОУ „Владо Кантарџиев“ од општина Гевгелија, второто место го заслужи ОУ „Климент Охридски“ од село Драчево, општина Кисела Вода, а на трето место се најде Основното општинско училиште „Свети Климент Охридски“ од Македонски Брод. За најбезбедни и најчисти средни училишта, избрани се:  Средното училиште на град Скопје „Владо Тасевски“,  кое го освои првото место, додека второто место му припадна на Средното училиште на град Скопје  „Никола Карев“ .

Адеми истакна дека Министерството за образование и наука  и мисијата на ОБСЕ во Република Македонија натпреварот за „Најбезбедно и најчисто училиште“ го реализираат по втор пат, со цел да се зголеми безбедноста и хигиената во училиштата

Наша задача е во училиштата да овозможиме безбедна средина која ќе го почитува и поддржува достоинството  и развојот на децата. Ваквиот пристап го зголемува учеството во образованието бидејќи ги промовира инклузијата, разноликоста, еднаквите можности и недискриминацијата. Со тоа се обезбедува безбедна средина погодна за учење, креативно размислување, дружење, растење и развој, како и средина во која сите заедно ќе уживаат во придобивките на образовниот процес. Безбедноста на децата во училиштата е основен предуслов за обезбедување на чувство на припадност во општеството, како и за создавање на атмосфера на доверба и соработка, рече Адеми.

Министерот потенцираше дека заедно со наставниците, родителите во континуитет се работи на подигнување на свеста на учениците кога станува збор за одржување на хигиената во нивните училници, во училишните дворови и училишните спортски сали. Училиштата мора да безбедни и хигиената во нив да биде на највисоко ниво.

Најчитани вести