Доделени новите вредносни ваучери во наградната игра на ЕВН Македонија

Добитниците на највредните награди од четвртото и петото коло на наградната игра на ЕВН Македонија „Награди за штедлив дом“ ги подигнаа ваучерите и веќе планираат кои штедливи апарати ќе ги заменат во своите домови.

Гоце и Зорка Тупановски од Битола добитници на вредносен ваучер од неверојатни100.000 денари, од четвртото коло на наградната играсо сомнеж и двоумење дојдоа по својата награда.

Не информираа дека сме добитници на вредносен ваучер од 100.000 денари за купување на енергетски ефикасни апарати за домаќинство, но уште долгопреговаравме дали да одиме и да си го подигнеме ваучерот, сметајќи дека попусто ќе одиме, бидејќи бевме убедени дека е само несолена шега, изјави Зорка Тупановска.

Dobitnici na nagraden vaucher od 30 000 den

Сепак, откако го подигнавме, веднаш направивме план како ќе ги распоредиме средствата; телевизор за едната ќерка, фрижидер за другата. Нам она што ќе ни остане. Пресреќни сме и презадоволни од ова големо изненадување, ниту се надевавме, ниту знаевме дека може да добиеме нешто. Едноставно лојални корисници сме на ЕВН, редовно ги плаќаме сметките и ете среќата ни се насмеа, додаде Зорка.

Штипјаните, Роберт и Емилија Христови и нивните две деца Методи и Бојан го подигнаа ваучерот од 30.000 денари од петтото коло од наградната игра на ЕВН Македонија „Награди за штедлив дом“.

Секоја година сме одлучни дека ќе купиме клима уред и тоа никако да го направиме, бидејќи секогаш има нешто поприоритетно да набавиме за таа сезона. Нов телевизор и лаптоп веќе земавме, па ред е да се купи и тоа. За нас е одлично што добивме ваучер, а не финансиски средства, бидејќи одново ќе ги потрошевме на нешто друго. Вака сум сигурен дека дома конечно ќе имаме клима уред, изјави задоволно Роберт.

Вредносните ваучери од 100.000 и 30.000 денари, но и сетовите за енергетска ефикасност до сега израдувале над 160 домаќинства и мали бизнис корисници со ажурирани податоци во базата на ЕВН, кои имаат право на учество во оваа наградна игра.

Извлекувањата на добитниците од наградната игра на ЕВН Македонија се одвиваат во емисијата „На гости кај“ која се емитува секој понеделник од 20.15 на МТВ и секој вторник од 23.25 на Алсат ТВ.