Македонија

Доделени решенија за материјално обезбедување на 700 стечајци

Доделени решенија за материјално обезбедување на 700 стечајци

Репенија за право на материјално обезбедување во вид на паричен надоместок добија денеска 700 невработени лица, кои што останале без работа од државна или компанија во доминантна државна сопственост.

Овие 700 стечајци ќе добиваат надоместок од следната недела, а истиот ќе биде во висина од 34 отсто од просечната нето плата за претходната година.

„Првите позитивни решенија се за 700 невработени лица во Скопје од ОХИС, Македонски железници, Газела, Геоинститут, Емо, Топилница, Водостопанство, Нова Македонија, Металски завод Тито и други. Сите тие, благодарение на измената и дополнувањето на Законот за материјално обезбедување на невработените лица поради проватизацијата на претпријатијата со доминанта сопственост на државата во периодот од 2000 до 2004 година“, рече Слободанка Алексовска, раководителка на Центарот за вработување на град Скопје.

Согласно Законот, како што рече таа, право на материјално обезбедување може да добие невработено лице на кое му престанал работниот однос  по однос на стечај, ликвидација или технолошки вишок заклучно со 31 декември 2004 година, а кое остварило право на паричен надоместок по 7 април 2000 година во претпријатијата со доминантна сопственост на државата.

Во центарот за вработување на град Скопје заклучно со 21-ви март годинава, над 4.000 лица имаат поднесено барање за стекнување право за материјално обезбедување.