понеделник, 24 јули 2017  |  Вести денес: 77

Доделени ваучери за новороденчиња во Кисела Вода

bebinja

Последни вести

Првиот месец од оваа година општина Кисела Вода го затвора со доделување на 30 ваучери за семејствата кои имаат принова и притоа доставија комплетна документација за еднократна парична помош.

Од доделените 30 ваучери, 15 беа за женски и 15 за машки деца. Заклучно со денес, оваа локална самоуправа има доделено вкупно 1.312 ваучери, што значи исто толку нови жители на оваа општина. Се работи за парична помош во вредност од 6.000 денари за првите потреби кои доаѓаат заедно со новороденчето.

За неа, документација можат да поднесат сите родители кои ги исполнуваат потребните критериуми: да се со живеалиште на територијата на општината Кисела Вода и заедно со барањето да достават на увид и важечки лични карти или други исправи за лична идентификација (една во случај на самохран родител), извод од матична книга на родените за новороденчето, како и фотокопија од трансакциона сметка. Рокот за поднесување на барањата е 90 дена, од моментот на раѓање на детето.

Најчитани вести