Доделување на концесија за користење вода за производство на струја од 80 мали хидроелектрични центра

Вицепремиерот задолжен за економски прашања, Владимир Пешевски, и министерот за животна средина и просторно планирање, Абдилаќим Адеми, утре ќе одржат прес конференција за спроведување на постапката за доделување на концесија за користење на вода за производство на електрична енергија од 80 мали хидроелектрични централи во Република Македонија.

Прес конференцијата ќе се одржи во 11 часот, во просториите на Владата на Република Македонија.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.