Македонија

Доделување повелби за заслуги за Македонија

Доделување повелби за заслуги за Македонија

Претседателот Ѓорѓе Иванов денеска ќе ги додели повелбите за заслуги за Македонија на иселеничките организации кои беа избрани за одликување од Комисијата при Кабинетот на Претседателот.

Повелба за заслуги за Македонија ќе им биде доделена на „Француско-македонска организација „Блаже Конески“ од Мант Ла Жоли, Франција, „Културно-спортско друштво Преспа – Бирлик“ од Малме, Шведска, „АНСАМБЛ Македонка“ од Торонто, Канада, Австралиско-македонски театар од Сиднеј“ Австралија и Охридско-социјално друштво Св.Наум Охридски“ Мелбурн, Австралија.