Додевски: Фрапантно однесување на СЈО

Фрапантно однесување на Специјалното јавно обвинителство. Немам друго објаснување освен дека е однапред подготвено сценарио да се изврши флагрантен притисок врз судијата, флагрантен притисок на водењето на постапката, зачудувачки приговори.

Резултатот е повеќекратно казнување, изјави Никола Додевски, адвокатот на обвинетиот Никола Груевски, по денешното рочиште во процесот за немирите во општина Центар во 2013 година.

– Колку и судијата да е трпелив, не навлегувам во тоа кој судија бил, јас мислам дека поинакво постапување не постои. Едноставно законот не предивудва да се толерира агресивно без правна основа на која било од странките кон судот – рече Додевски.