Додик ќе бара Русија да стави вето на резолуцијата за Сребреница

Претседателот на Република Српска, Милорад Додик во четврток во Санкт Петербург ќе се сретне со рускиот министер за надворешни работи Сергеј Лавров, при што ќе побара од него Русија да стави вето во Советот за безбедност на ОН на резолуцијата за Сребреница, што ја иницира Велика Британија, пишува МИА.

Најавувајќи ја ваквата своја намера, во изјава за белградскиот весник „Новости“, Додик вели дека усвојувањето на ваква резолуција само дополнитлно ќе ги зголеми тензиите во Босна и Херцеговина.

– Очигледно е дена во Босна ќе нема заеднички став околу овој документ, кој има за цел да ја политизира трагедијата и да наметне квазивистини за страдањата во Сребреница, вели Додик во изјавата.

Според него, ако Лондон навистина сакал да промовира помитување, тогаш зошто во резолуцијата не ги споменува „и 3.500-те српски жртви од просторите околу Сребреница“.

Додик вели дека во предлог-резолуцијата спорна е и точката за „осуда на негирањето на геноцидот“, која, според него, има за цел да ги принудува „сите сегашни и идни српски политичари одново да се извинуваат“ за масакрот во Сребреница

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.