Балкан

Додик поднесе пријава против себе

Додик поднесе пријава против себе

Претседателот на Република Српска и на Сојузот на независни социјалдемократи Милорад Додик, поднесе денеска до надлежното обвинителство на Република Српска и БиХ пријава против себе, јави Танјуг.

Во пријавата се наведува дека Милорад Додик, граѓанин, се тужи себе си врз основа на изнесените обвиненија против него за наводно сторени кривични дела, за кои го обвиниле претставници на опозицијата во Република Српска.

Додик во пријавата наведе дека се што во јавниот говор наведувал било кој Република Срспка е врзано за наводен криминал.

Сведоци на обвинението се: Драган Чавиќ, Младен Босиќ, Вукота Говедарица и сите други кои изнесувале обвиненија против него.

Сакам се тоа институционално да се испита, вели Додик, и додава дека со тоа сака да се заврши „хајката“ против него.

Иако ова е невообичаено, одлучив да се тужам себе си, затоа што тие не поднесоа тужби, иако изнесуваа обвиненија, наведува тој.

Тој тврди дека тоа ќе придонеси дека тоа ќе придонесе за стабилизација и да ги поттикне и другите да го прават истото за да престане јавната бучава. Тој очекува и брза реакција на надлежните правосудни институции.