Додик: Република Српска ќе биде држава без разлика дали некому му се допаѓа или не

Претседателот на Република Српска, Милорад Додик најави реформа на ентитетскиот Устав, кој примарно ќе подразбира одбраната да биде во надлежност на Република Српска.

Според неговите зборови, во новиот устав на Република Српска треба да биде вметната клаузула според која наметнатите одлуки на Високиот претставник во БиХ можат да се применуваат само ако ги одобри парламентот на Република Српска.

Нагласувајќи дека реформата на ентитетскиот устав ќе биде извршена следната година и дека ќе предизвика реакции, тој констатираше дека правниците во Република Српска не треба да се плашат , како што ни тој не се плаши од никој.

„На вас останува да ми помогнете во тоа како да го конципирате најдобриот правен текст за Уставот на Република Српска. Не креваме никаква револуција, туку ги браниме стекнатите надлежности и право на Република Српска,“ изјави тој.