Додик: Русите не заговараат референдум за отцепување на РС, но тоа нема да го спречи неговото спроведувње

Претседателот на Република Српска, Милорад Додик, изјави дека нема да се откаже од спроведувањето на референдумот за отцепување на ентитетот од Босна и Херцеговина сé додека ситуацијата во оваа држава не се стабилизира, и оти Русија нема удел во неговите одлуки по ова прашање.

„Денес постои ентитетска линија. Еден ден, секако, можно е таа да биде граница, зошто не?“, вели претседателот на Република Српска, Милорад Додик, во интервју објавено за српската редакција на руската меѓународна новинска агенција Sputnik.

По враќањето на економскиот форум во Санкт Петербург каде што имаше куса средба со рускиот претседател Владимир Путин, Додик изјави дека Русија не се меша во евентуалното организирање на референдумот, и истакна дека спротивните тврдења се клевети и нагаѓања, вклучително и оцените кои во неодмнешното сведочење пред американскиот Конгрес ги изнесе заменикот помшник државен секретар Хој Ји.

Хој Ји во сведочењето пред конгресниот Комитет за наворешнополитички прашања на 17 мај тврдеше дека Русија се обидува да го забави напредокот на Балканот во евроатлантските интеграции „што е видливо од слујачот на отворениот обид за поткопување на владата во Подгорица, преку суптилното поддржување на сеционистичката реторика во Босна, до односот кон статусот на Косово“.

„Москва користи пропаганда и лажни вести за да внесе недоверба и несигурност за да ги осуети прозападните политички лидери“, изјави Ји тогаш во оцената за состојбата на Балакнот.

Додик, пак, тврди дека таквите оцени се неточни, и дека Ји се користи со лаги „за од Русија да направи монструм“.

„Ниту еднаш тема на разговорите со Путин не беше одвојувањето, сето тоа е лага“, вели Додик тврдејќи дека никој и никогаш во Русија не му понудил никаква помош за организирање на референдумот за отцепување на РС од БиХ.

Притоа Додик истакнува дека за него е многу важно што на сите има ја наметнал темата за референдумот.

„Тоа никој не може да ни го забрани, и ние ќе одлучуваме за тоа кога и дали ќе го спроведеме, а заканите од (Бакир) Изетбеговиќ или некои однадвор не нé интересираат“, вели Додик полемизирајќи со предупредувањата од Изетбеговиќ дека референдумот неминовно би водел до судир и војна во поширокиот регион.

Услов за референдумот на крајот да не биде спроведен, како што појаснува Додик, е на Србите во БиХ да им се гарантираат правата коишто им припаѓаат според уставот и Дејтонскиот договор. А според него тоа практично значи укинување на повеќето овластувања што сега ги има БиХ како држава, односно препуштањето на таквите овластувања на ентитетите, каков што сега бараат и некои партии на босанските Хрвати, со лабава координација на државно ниво.