петок, 26 мај 2017  |  Вести денес: 0

Додик: Во Република Српска постои консензус за одржување на референдум

Додик за РТС истакна дека сите политички сили се соединиле за референдумот.

додик

Последни вести

Претседателот на Република Српска Милорад Додик изјави синоќа дека постои консензус во Република Српска за референдумот закажан за 25 септември, и дека на 9 јануари 2017 година со голема прослава ќе биде одбележана 25-годишнината на РС.

Додик за РТС истакна дека сите политички сили се соединиле за референдумот.

– Често се случува три странци и двајца Бошњаци да донесат одлука и тоа ги премина мерките. Тие гласаат како што велат Британците, и Британците се мешаат во се што постои во Босна и Херцеговина, и на српскиот народ од тоа му е доста, нагласи претседателот на РС.

Тој ја отфрли можноста високиот претставник на меѓународната заедница за БиХ Валентин Инцко да го забрани референдумот во РС.

Прашан дали Хрватска има поддршка во БиХ, Додик одговори дека може да се чуе дека тие бараат да се врати состојбата пред Вашингтонскиот договор, бидејќи сега нивната позиција е деградирана, наведувајќи дека нема ништо против Хрватите да добијат нивен ентитет во БиХ.

Коментирајќи ја можноста БиХ да биде Унија на три држави, Додик вели дека тоа би можело да биде единствен излез „инаку ќе се распадне“.

Претседателот на РС истакна дека за неговите важни прашања разговара со раководството на Србија.

Во одговорот на изјавата на Бакир Изетбеговиќ, дека референдумот е „пробен балон“ за отцепување на РС, Додик потенцира дека ова е суштински референдум, и дека Изетбеговиќ може да „јава на балоните“.

– Уставниот суд е формиран со Дејтонскиот мировен договор, а Репубика Српска нејзиниот ден на формирање го слави од 1992 година, заклучи Додик.

Најчитани вести