Балкан

Додиќ: Нема да има Дејтон 2

Додиќ: Нема да има Дејтон 2

Нема да има никаков Дејтон 2, ниту тој може да биде организиран во постоечката консталација на меѓународните односи, порачува претседателот на Република Српска, Милорад Додиќ.

Додиќ ваква изјава дава по иницијативата на поранешниот претседател на Хрватска Стјепан Месиќ за потреба од одржување на нова меѓународна конференција Дејтон 2.

Претседателот на Република Српска смета дека Дејтонскиот мировен договор е меѓународен договор што мора се почитува, а не слободно да се толкува.