сабота, 3 декември 2016  |  Вести денес: 17

Додовска: Единствениот адут на опозицијата е СЈО

Опозицијата нема друг адут, а и нејзините поддржувачи немаат друг адут освен оној што е најсилен и што доаѓа од внатрешните сили, односно од Специјалното јавно обвинителство, а токму и тоа е намената на оваа параинституција, смета универзитетската професорка Иванка Додовска.

ivanka-dodovska

Последни вести

Универзитетската професорка Иванка Додовска смета дека опозицијата, но и нејзините поддржувачи немаат друг адут освен Специјалното јавно обвинителство.

Taa посочува дека тие во целата оваа офанзива на рушење на правниот поредок во Република Македонија поттикнати од вештачки создадената политичка криза, ќе се користат со сите можни аргументи кои што ќе бидат на располагање со цел да се направи што поголема штета на владејачката ВМРО-ДПМНЕ и на нејзиниот коалиционен партнер од албанскиот блок  ДУИ.

Опозицијата нема друг адут, а и нејзините поддржувачи немаат друг адут освен оној што е најсилен и што доаѓа од внатрешните сили, односно од Специјалното јавно обвинителство, а токму и тоа е намената на оваа параинституција. Не еднаш беше кажано и од мене и од страна на моите колеги дека се работи за институт кој од старт ја погреши целата процедура. Процесот поради кои беше тргната целата постапка за доаѓање до СЈО, па до наваму се што се случуваше укажува дека институцијата е создадена да предизвикува постојано вознемиреност и одредена штета, од време на време да претставува некои параван кои ќе треба да прикажува и да истражува дали се вршени злоупотреби од страна на одредени органи на државната власт, но од селективноста и од начинот на кои се однесуваат, мислам дека и на мало дете во градинка му е јасно која е улогата на госпоѓата Јанева и нејзиниот тим, смета Додовска.

Таа дополнува дека македонските граѓани се мошне свесни за моменталната ситуација и сите активности на опозицијата, па веќе имаат изградено систем на недоверба.

Сметам дека македонските граѓани се мошне свесни за ова што им се случува, сите сме некако ставени пред оваа слика без тон и веројатно само времето е погрешно бидејќи веќе после толку години и турбуленции помеѓу граѓаните се создаде недоверба од се што се пласира од секакви фактори и над-фактори. Ова последново покажува дека треба да одработат некои валкани договори коишто некои проценил дека многу полесно ќе ги заврши да било некаква друга структура на државна власт или некоја друга политичка гарнитура, но во оваа состојба во која се наоѓа Република Македонија за среќа имаме работа со грото на сериозни и одговорни јавни функционери и претпоставувам дека сите ги знаат своите ограничувања и вакви цуркузијази од типот на СЈО само дополнително ја влошуваат сликата за Македонија пред меѓународната заедница на штета на македонските граѓани, а на крајот на денот не носат ништо, вели Додовска.

Најчитани вести