Додовска: Има причина зошто СДСМ токму сега се осмели на ваков чекор

Во понеделник доаѓа Хојт Ји, денеска го пуштија Рамуш Харадинај од затвор, Талат Џафери се обрати на албански јазик во македонскиот парламент и беше нелегитимно избран од страна на еден дел од пратениците во македонското собрание за претседател на истото, објасни зошто токму сега го направија овој потег пратениците на СДСМ универзитетската професорка Иванка Додовска при гостувањето во вестите на ТВ Нова.

„Тоа значи дека сценариото е мошне очигледно: Во понеделник кога ќе дојде Хојт Ји, Талат Џафери треба да го пречека и на тој начин да добие легитимитет на овој се уште висок американски претставник и на тој начин да направат практично заокружување на целата оваа нелегитимна постапка“, коментира Додовска.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.