Додовска: Парламентарни избори со локалните е единствено решение за излез од ќор-сокакот

Во ситуација кога е комплетно девастиран вкупниот правен систем и во момент кога сериозно се загрозени сите витални функции на правната држава во Република Македонија, вели доцецент д-р Иванка Додовска од Правниот факултет во Скопје, тоа што претставува единствено решение за излез од овој ќорсокак е врзување на предвремените парламентарни избори со локалните избори оваа есен.

„На целата јавност ѝ е сосема јасно дека оваа состојба не е наивна и, во исто време, одзеде огромна енергија од стратгиските интереси на нашата држава, но, исто така, е јасно дека политичките ел­ти се соочуваат со ед­на се­ри­оз­на кри­за од ко­ја си­те мо­жев­ме да уви­ди­ме кој е кој и што е што во ре­ал­но­ста. Јас­но е де­ка ба­ра­ње­то од стра­на на ВМРО-ДПМНЕ за но­ви пред­вре­ме­ни пар­ла­мен­тар­ни из­бо­ри прет­ста­ву­ва одраз на чле­но­ви­те и на под­др­жу­ва­чи­те на дес­на­та оп­ци­ја во зем­ја­та и прет­ста­ву­ва нуж­ност до­кол­ку се при­ста­пу­ва се­ри­оз­но кон сло­во­то на за­ко­ни­те во Ре­пуб­ли­ка Ма­ке­до­ни­ја“, вели Додовска.

 

Таа додава дека сето дру­го оста­ну­ва во рам­ки­те на шпе­ку­ла­ци­и­те и под­ле­жи на се­ри­оз­на оп­сер­ва­ци­ја ка­ко при­мер за тоа кол­ку мо­же лес­но да се де­ва­сти­ра вкуп­ни­от оп­штес­твен и пра­вен по­ре­док во смис­ла на не­го­во ури­ва­ње и по­ни­шту­ва­ње.

 

„Од се­то тоа пос­лед­ни­от збор го има­ат ток­му гра­ѓа­ни­те на Ре­пуб­ли­ка Ма­ке­до­ни­ја, што, впро­чем, ве­ќе и бе­ше до­ста­ве­но пре­ку гра­ѓан­ска­та ини­ци­ја­ти­ва ‘За за­ед­ни­ка Ма­ке­до­ни­ја’, каде што ка­ко ос­но­вен и единс­твен ус­лов на гла­сот на гра­ѓа­ни­те бе­ше ток­му по­ста­ве­но ба­ра­ње­то за одр­жу­ва­ње но­ви кре­ди­бил­ни, на­ви­сти­на кре­ди­бил­ни пред­вре­ме­ни пар­ла­мен­тар­ни из­бо­ри. Овој се­ри­о­зен апел до си­те су­штин­ски фа­кто­ри во зем­ја­ва и во странс­тво го да­ва од­го­во­рот со кој на нај­ед­но­ста­вен на­чин би го до­би­ле ре­ше­ни­е­то за по­ли­тич­ка­та кри­за“, заклучува Додовска.