Додовска: СДСМ го руши поредокот

Двете политички опции во Македонија воопшто не можат да се споредат. Едните го создаваат и почитуваат правниот поредок, а другите секојдневно истиот го рушат.

Ова го истакна универзитетската професорка Иванка Додовска во отвореното студио на Сител.

-Она што прави дистинкција меѓу актуелното и минатото раководство на СДСМ и оваа владејачка гарнитура, разликата е во третманот кон правната држава и третманот на граѓаните. СДСМ имаше мошне конфорна улога. Тие имаа можност да се докажат, а граѓаните во нивно време останаа на улица, се затворија индустриските фактори во земјава. Тоа беа политички одлуки на раководството на СДСМ. Од 2006-та до денес, ВМРО-ДПМНЕ се постави во позиција да решаваат туѓи проблеми и да се соочуваат со предизвиците на дневно политичка основа и меѓународен план. Некогаш има и грешки, но неможе да се направи споредба меѓу двете политички опции во Македонија, истакна Додовска.

Таа апелира до македонските граѓани дека ова што го прави СДСМ е кршење на правниот поредок на државата.

-Тие емитуваат приватни пораки добиени на нелегален начин, да направат турска серија со која граѓаните ќе се замараат со лични пораки. Но, денес ќе имаме можност да чуеме пораки од Груевски кои ќе му го испорачаат одговорот на Заев, рече Додовска.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.