Македонија

Потпишан договорот со СБ за изградба на експресниот пат Ранковце – Крива Паланка

Потпишан договорот со СБ за изградба на експресниот пат Ранковце – Крива Паланка

Со поволен заем од Светската Банка ќе се гради експресниот пат Ранковце – Крива Паланка. Во Министерството за финансии денес беше потпишан договорот за поволниот заем кој го зема Јавното претпријатие за државни патишта и договор со кој Владата го гарантира истиот.

Станува збор за заем што е потпишан со Светската банка под исклучително поволни услови и рок на отплата 28 години, со грејс период од 8 години и каматна стапка од 6- месечен ЕУРИБОР што во моментов изнесува 0,88 проценти. Јавното претпријатије за државни патишта го зема и ќе го отплаќа заемот, а Владата ќе го гарантира истиот, истакна вицепремиерот и министер за финансии Зоран Ставрески.

Потпишан договорот со СБ за изградба на експресниот пат Ранковце - Крива Паланка
Потпишан договорот со СБ за изградба на експресниот пат Ранковце – Крива Паланка

Патот од исклучително значење за северо – источна Македонија

Ставрески додаде дека изградбата на експресниот пат Ранковце – Крива Паланка е од исклучително значење за регионот на северо-источна Македонија, но и за сите граѓани што патуваат кон Република Бугарија.

Тој информира дека новиот модерен пат ќе има по две ленти во двете насоки, а ќе овозможи побрз и побезбеден проток на стоката и патниците во овој регион.

Потпишан договорот со СБ за изградба на експресниот пат Ранковце - Крива Паланка
Потпишан договорот со СБ за изградба на експресниот пат Ранковце – Крива Паланка

Новиот проект има за цел да ја подобри транспортната поврзаност за корисниците долж Коридорот 8 помеѓу Скопје и Деве Баир преку изградба на нов, поширок пат помеѓу Ранковце и Крива Паланка во должина од 26,5 километри. Изградбата ќе трае 3 години и се очекува патот да биде отворен за сообраќај кон крајот на 2019 година, потенцираше директорката на канцеларија на Светска банка во Македонија Бојана Нацева.

Продолжува инфраструктурната експанзија во Македонија

Вицепремиерот задолжен за економски прашања Владимир Пешевски истакна дека продолжува инфраструктурната експанзија во Македонија.

Потпишан договорот со СБ за изградба на експресниот пат Ранковце - Крива Паланка
Потпишан договорот со СБ за изградба на експресниот пат Ранковце – Крива Паланка

Со овој пат се реализираат услови за засилена трговија, за полесен транспорт на луѓе и стока и конечно предуслови за забрзан развој на туризмот, бидејќи во овој дел на Македонија постојат одлични туристички потенцијали, а тоа е нешто на кое ќе бидеме дополнително фокусирани во идниот период, рече Пешевски.

Министерот за транспорт и врски Владо Мисајловски подвлече дека Владата е посветена и го задржува континуитетот во изградба на квалитетна транспортна инфраструктура и најави рехабилитација на 6 регионални патни правци.

Потпишан договорот со СБ за изградба на експресниот пат Ранковце - Крива Паланка
Потпишан договорот со СБ за изградба на експресниот пат Ранковце – Крива Паланка

Овој месец, најдоцна до ноември ќе отпочнеме и со рахабилитација и изградба на уште 6 регионални патни правци. Се работи за автопатска делница Смоквица- Гевгелија, регионален пат Бошков Мост- Дебар, регионален пат Делчево- Голак, регионален пат Мелнички мост- Центар Жупа, регионален пат Лажани- Ропотово- Црнилиште, регионален пат Кривогаштани- Обршани и патниот правец Клепач- Новаци. Со ова ја докажуваме нашата посветеност во градење на новата иднина на Македонија. Продолжуваме со исто темпо, рече Мисајловски.