Договор меѓу Хавана и ЕУ за нормализирање на односите до крајот на годината

Високиот претставник на ЕУ за надворешна политика и безбедност, Федерика Могерини во Хавана имаше состанок со кубанскиот претседател, Раул Кастро. Цел на состанокот било забрзување на преговорите за нормализација на односите на таа држава со ЕУ.

Според неа, договорот би можел да биде биде постигнат до крајот на оваа година, пренесува МИА.

– Во процес сме на забрзување на темпото на преговори и формулирање на договорот, што треба да се случи до крајот на годината, изјави Могерини.

Таа додаде дека ги поздравува преговорите меѓу Хавана и Вашингтон, но нагласи дека преговорите на Куба со ЕУ се „сосема друга работа“. Европската унија замрзна односи со Куба во 2003 година како одговор на тамошното апсење дисиденти.