Договор меѓу Москва и Дамаск за неограничено руско воено присуство во Сирија

Договор меѓу Москва и Дамаск за неограничено руско воено присуство во Сирија
Договор меѓу Москва и Дамаск за неограничено руско воено присуство во Сирија

Москва и Дамаск  во август потпишаа договор со кој се одобрува руско воено присуство во Сирија без временско ограничување, соопшти денеска Кремљ.

Договорот е потпишан во Дамаск на 26 август минатата година, повеќе од еден месец пред Русија да ја почне воздушната кампања против Исламска држава и другите терористички групи во Сирија на барање на сирискиот претседател Башар ал Асад.

Според договорот Русија распореди воени авиони и војници во базата во Латакија.

Договорот е склучен за да се одбрани суверенитетот, територијалниот интегритет и безбедноста на Руската Федерација и Сириската Арапска Република, се наведува во потпишаниот документ.