Договор за банкарска унија следната недела

Министрите за финансии на земјите членки на Европската унија оствариле голем напредок кон основање на банкарска унија, но е потребно на уште еден состанок да се разгледаат и да се прецизираат последните детали.

„Поминавме голем пат и сега е важно да постигнеме договор до крајот на годината. Сите се сложивме со тоа дека земјите членки мора да проверат уште неколку важни работи, и дека е потребно да се разработат прецизни детали за да може следната недела да го постигнеме конечниот политички договор“, рекол германскиот министер за финансии, Волфганг Шојбле, по 14-часовните преговори.

Според него, министрите би требало да се сретнат следната недела, односно еден ден пред одржување на дводневниот самит на лидерите на ЕУ кои ќе се обидат да постигнат конечен договор за тоа прашање.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.