Договор за концесија на локалитетот „Казандол“

Во Министерството за економија денеска ќе биде потпишан договорот за доделување концесија за експлоатација  на бакар, злато и сребро на локалитетот „Казандол“ во општините Валандово, Богданци и Дојран.

Договорот ќе го потпишат министерот за економија Беким Незири и претставници на Друштвото за експлоатација, преработка и производство „Сарич МЦ ДООЕЛ увоз – извоз“ Скопје.

Покрај реализација на планираната англиско-украинска инвестиција, ќе биде промовиран и нов начин на вадење руда со напредна технологија, во затворен систем, што овозможува заштита на животната средина.