Договор за пониски цени во роаминг во регионот

Спогодба за намалување на цените на услугите во роамингот во јавните мобилни комуникациски мрежи денеска ќе биде потпишан од Македонија, Црна Гора, Србија и Босна и Херцеговина во Будва.

Министерката за информатичко општество и администрација, Марта Арсовска Томовска, ќе ја потпише спогодбата во име на македонската влада.

Според најавите, спогодбата треба да овозможи неколкукратно намалување на цените на разговорите, СМС и интернет услугите преку мобилните телефони. Тоа воедно е прв чекор за целосно укинување на роамингот при разговори помеѓу петте држави од регионот.

За примена на спогодбата чија содржина ја договараа на средба пред еден месец регулаторните тела, се неопходни законски измени. Надлежните министерства на земјите потписнички на договорот во рок од 30 дена треба да почнат процедура за дополнување на законот за електронски комуникации, со што цените за услугата ќе се регулираат на реципрочна основа.